Серхио Агуеро на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер Сити и од „Етихад“ си заминува како најдобар стрелец на сите времиња со 257 голови на 384 одиграни натпревари.
Аргентинецот на крајот на сезоната ќе биде слободен играч, а Барселона е еден од клубовите кои се заинтересирани за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според познатиот новинар Николо Шира на Агуеро му е понуден договор на две години.
Еден од главните услови на Меси за да остане во Барселона е клубот да доведе напаѓач од светска класа, а Агуеро сигурно е таков, покрај тоа е и добар пријател со Меси.
Барселона не е единствениот гигант кој го сака 33 годишниот напаѓач. Агуеро се поврзува уште со Интер и Јувентус, француските медиуми пишуваат дека во игра е и ПСЖ.
Во редовите на Манчестер Сити Агуеро е од 2011 година, клубот од Манчестер тогаш на Атлетико му плати 40 милиони евра.