Дома Фудбал Анализата потврди: ВАР седум пати грешел во корист на Арсенал

Анализата потврди: ВАР седум пати грешел во корист на Арсенал

Податоците кои ги забележа панелот за клучни спорни ситуации на натпреварите во Премиер лигата покажаа дека против Арсенал требало да бидат досудени три пенали и доделени три црвени картони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Да потсетиме, екипата на Микел Артета неодамна ја освои титулата во Премиер лигата без причинет пенал и без добиен црвен картон, меѓутоа анализата покажа дека ВАР судиите грешеле во корист на „топчиите” и по прашањето на пенали и по прашањето на исклучувања.

Вкупно донесени се седум погрешни ВАР одлуки на штета на ривалите на Арсенал, кога требало да се свирка пенал или да се покаже црвен картон. Само Челси имаше повеќе ВАР грешки во своја корист – осум.

Покрај другото, „сините” имаа во своја полза две од три ВАР грешки кои резултираа со поништен гол (Фулам) и недосуден пенал за противникот (против Кристал Палас).

Целосните записи на судиските одлуки, до кои имаше увид BBC Sport, покажуваат дека оваа сезона имало 25 ВАР грешки, во споредба со 18 во сезоната 2024-25. Тоа сè уште е значително подобрување во споредба со претходните години, со 31 грешка во сезоната 2023-24 и 38 во сезоната 2022-23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонски фудбалер доби овации од публиката на „Кошево“ (Видео)

Македонија вечерва игра пријателски дуел против Босна и Херцеговина, а еден наш репрезента…