
Неверојатна фудбалска приказна ни пристигнува оваа година од Европа, поточно од Португалија каде екипата Торенсе го освои Купот на Португалија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Торенсе во финалето, по продолженијата, го совлада гигантот Спортинг со резултат 2:1 и ја испиша историјата на клубот.
Тоа значи дека Торенсе како победник на португалскиот Куп од наредната сезона ќе игра во групната фаза на Лига Европа.
Значи, овој мал клуб од Португалија ќе има минимум осум европски натпревари, нешто што навивачите не го сонуваа ниту во најлудите соништа.
Всушност, тие станаа првиот второлигаш што официјално ќе игра во групната фаза на Лига Европа.
Торенсе во баражот за влез во првата лига беше поразен од Каса Пиа во двомечот со вкупен резултат 2:0.