Дома Фудбал Срамен скандал во Србија, ограбен домот на Синиша Михајловиќ додека неговата мајка спиела

Срамен скандал во Србија, ограбен домот на Синиша Михајловиќ додека неговата мајка спиела

Срамна кражба се случи во Сремска Каменица, каде што беше ограбена семејната куќа на славниот фудбалер Синиша Михајловиќ.

Крадците влегле во домот каде живее неговата мајка Викторија и однесоа пари, како и многу предмети од кариерата на Синиша кои имаат непроценлива емотивна вредност.

Настанот, според информациите на “Телеграф”, се случил во ноќта помеѓу понеделник и вторник, околу два часот наутро. Двајца маскирани провалници успеале да влезат во куќата додека Викторија, мајката на Синиша, мирно спиела.

Целиот настан е регистриран од сигурносните камери, а случајот веднаш е пријавен во полицијата во Нови Сад, која посветено работи на разоткривање на ова кривично дело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…