Дома Фудбал Каков хит: Атлетико брутално одговори на Барселона за Алварез!

Каков хит: Атлетико брутално одговори на Барселона за Алварез!

Ако мислевте дека трансфер сагите современиот фудбал станале предвидливи и здодевни, официјалниот профил на Атлетико Мадрид успеа да направи нешто поинакво што досега не е видено..

Наместо вообичаените соопштенија од клубовите или стандардното “без коментар” на гласините кои го поврзуваат нивниот напаѓач Хулијан Алварез со Барселона, мадридскиот клуб избра стратегија на чиста, брутална иронија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денес попладне, Атлетико објави серија фотографии и “понуди” генерирани со помош на вештачка интелигенција кои за миг го запалија интернетот.

Сѐ започна со објава во стилот на познатиот инсајдер Фабрицио Романо, каде што една од фотографиите го прикажуваше Ламине Јамал во дрес на Атлетико.

“HERE WE GO! Испративме факс до Барселона со нашата понуда за трансфер: 4 влезници за концертот на Bad Bunny утре, годишна претплата на весниците ABC и една кеса сончогледови семки. Со нетрпение чекаме одговор за да подготвиме официјалното соопштение.”

На Инстаграм, клубот подоцна додаде и едноставен совет за фановите:

“Живееме во време кога реалноста може да се измени. Не верувајте на се што ќе видите, особено ако е поврзано со Барса.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија против БиХ тргнува со еден дебитант!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Босна и Херцег…