Дома Фудбал Македонија вечерва на Кошево тестира со Бих!

Македонија вечерва на Кошево тестира со Бих!

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 20:30 часот на стадионот во Кошево го игра натпреварот против Босна и Херцеговина кој е прв од двата пријателски дуели кои ќе ги одиграме во овој репрезентативен прозорец.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За домаќините дуелот е дел од подготовките за Светското првенство, а Седлоски пак ќе ги тестира силите за предизвиците кои ќе следат.

Во составот на Македонија има и пет дебитанти, па се очекува некој од нив да добие шанса. Шанса за деби во националниот дрес ќе имаат: Азер Омерагиќ, Дарко Додев, Дарко Анѓелески, Дин Аломеровиќ и Давор Талески. Исто така во репрезентацијата се враќа и Агон Елези кој не беше во мартовскиот циклус. Капитенот Енис Барди се појави на собирот меѓутоа поради повредата ќе ги пропушти двата натпревари.

На стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ се очекува и одлична атмосфера бидејќи е распродаден до последното место.

„Новите фудбалери донесоа свежина во тимот, а добро беа прифатени и од останатите репрезентативци. Повикав повеќе нови играчи и сите ќе добијат шанса да се докажат. Дел од нив ќе стартуваат и на утрешниот натпревар. Елези играше добро во Сараево и заслужено е на списокот. Имаме два натпревари и сигурно ќе добие минутажа. Не е само тој новитет во споредба со мартовскиот циклус. Повикавме играчи и од домашното првенство и од странски лиги. Верувам дека имаат квалитет за националниот тим. Имам неколку варијанти за замена на повредениот Барди, а конечната одлука ќе ја донесам по денешниот тренинг“, изјави Седлоски на вчерашната прес-конференција.

Македонија по денешниот дуел веќе на 1 јуни ќе игра нов натпревар и тоа против Турција во Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срамен скандал во Србија, ограбен домот на Синиша Михајловиќ додека неговата мајка спиела

Срамна кражба се случи во Сремска Каменица, каде што беше ограбена семејната куќа на славн…