
Во Реал Мадрид, иако моментално немаат претседател, одлуката за иднината на клубот изгледа дека е донесена. Веќе неколку недели наназад активно се пишува за враќањето на тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, а сега таа соработка е и формално потврдена, известува The Athletic.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
И покрај тоа што Португалецот има договор со Бенфика за уште една година, а откупната клаузула од само три милиони евра истече на 25 мај, најновите известувања сугерираат дека неговото заминување во „белите“ може да ги чини до 15 милиони евра. Од своја страна, Мурињо сака да се врати на Сантијаго Бернабеу, и покрај понудата за продолжување на договорот со Бенфика.
Според информациите од The Athletic, Жозе Мурињо постигнал договор со Реал Мадрид до 2029 година, дури и во услови кога актуелниот претседател Флорентино Перез се наоѓа во средината на изборниот процес. Перез е голем фаворит за победа врз противникот Енрике Рикелме на изборите кои ќе се одржат на 7 јуни.
Во моментот не е познато дали договорот содржи клаузула за отстапување во случај Рикелме да победи. Ако Перез добие нов мандат, португалскиот тренер ќе биде претставен веќе следниот ден, а The Athletic известува дека веќе се работи на формирање на неговиот тим за тренинг.