Дома Фудбал Најдобриот стрелец во историјата на Луксембург потпиша за Вардар

Најдобриот стрелец во историјата на Луксембург потпиша за Вардар

Вардар попладнево и официјално го промовираше новото засилување за нападот, Жерсон Родригез, фудбалер кој низ кариерата често беше во центарот на вниманието и поради случувања надвор од теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 31-годишен офанзивец роден во Португалија, кој настапува за репрезентацијата на Луксембург. Во националниот дрес има 72 настапи и постигнато 23 гола, со што e најдобар стрелец во историјата на луксембуршката селекција.

Иако поседува неспорен квалитет, Родригез во минатото знаеше да влезе и во контроверзии поради својот карактер и темперамент, па останува да се види како ќе се вклопи во редовите на „црвено-црните“ во претстојната сезона.

Родригез потпиша едногодишен договор со можност соработката да биде продолжена и на дополнителна сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…