Дома Фудбал Катастрофа за Слот: Уште еден фудбалер си заминува бесплатно од Ливерпул

Катастрофа за Слот: Уште еден фудбалер си заминува бесплатно од Ливерпул

Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул како слободен играч кога на договорот ќе му истече рокот во јуни, бидејќи преговорите за продолжување на соработката дефинитивно се прекинати.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот стопер и клубот од Енфилд не успеаја да најдат заеднички јазик кога станува збор за финансиските услови и проценката на неговата вредност, што доведе до прекин на преговорите и одлука соработката да не се продолжи.

Конате пристигна во Ливерпул во 2021 година од Лајпциг за 35 милиони фунти, потпишувајќи петгодишен договор.

На почетокот двете страни беа оптимистични за продолжување на соработката, а самиот играч изјави во април дека е “близу до договор” и дека постои „голема шанса” да остане на Енфилд.

Сепак, преговорите кои започнаа уште во ноември 2023 година не донесоа резултат, а ситуацијата во меѓувреме целосно е закочена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…