Дома Македонски спорт Одлична Македонија: Ерменија скоро и да не излезе од својата половина!

Одлична Македонија: Ерменија скоро и да не излезе од својата половина!

Македонија денес го игра натпреварот од четвртото коло во квалификациите за Светското првенство, а после првите 45 минути селекторот Благоја Милевски сигурно може да биде задоволен.

Од самиот старт гледаме една офанзивна Македонија која игра и содава шанси. Прво се заканивме преку една полушанс на Чурлинов кој освои топка, но не успеа да го издржи дуелот до крај и пред петерецот ја изгуби топката.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Најголемата прилика ја имавме некаде кон средината на полувремето. Прво Велковски ја промаши топката од неколку метри во чиста позиција, за во продолжение од акцијата Трајковски да шутира покрај голот. Ристовски се закани на десетина минути пред крајот, но и неговиот удар заврши покрај голот.

Ерменците се што направиј беше преку контри и по наши грешки и изгубени топки. Но, за среќа одбранат и таа малку работа што ја имаше одлично ја заврши.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …