Дома Трансфер зона Објавена фотографија од понудата на Сити до Барселона за Меси ?

Објавена фотографија од понудата на Сити до Барселона за Меси ?

Лионел Меси беше пред заминување од Барселона во овој преоден рок, но Барселона не дозволи да си замине со раскинување на договорот, а бидејќи никој не може да плати 700 милиони евра Лео ќе остане до крајот на оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивачите се надеваат дека нешто може да се промени и Меси да остане и по истекот на актуелниот договор кој му завршува на крајот на новата сезона, но како што денес стојат работите тоа изгледа тешко. Меси во изјавата во која потврди дека останува јасно кажа дека останува само за работата да не заврши на суд и го критикуваше Бартомеу и целото раководство дека се катастрофа.

Најмногу Аргентинецот се поврзуваше со Манчестер Сити, се шпекулираше за разни понуди. Сега на интернет се појави фотографија од понудата која Сити ја испратил до Барселона.

Понудата гласела: 200 милиони евра кои би биле исплатени на две рати по 100 веднаш и 100 наредното лето. Плус уште околу 20 милиони евра кој Барселона би можела да добие преку бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…