Дома Македонски спорт Нов скок на Калин Ивановски на АТП листата!

Нов скок на Калин Ивановски на АТП листата!

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски скокна две места на АТП листата и сега е на 475-тото место што е негов најдобар рејтинг во досегашната кариера.

Скокот од две места на Ивановски се должи на пласманот во полуфиналето на ИТФ турнирот во Поатје (Франција) каде што по голема борба изгуби од Гејмард – Вејенбург 0:2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ивановски продолжува со напредокот, но се уште е далеку од најдобриот пласман на еден македонски тенисер. Предраг Русевски тука е на врвот со 242-то место, зад него се Александар Китинов на 296-та позиција и Лазар Магдинчев на 339-то место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бизарна сцена на Австралија Опен: Австриец не ги знаеше правилата, предвреме славеше и на крај загуби! (Видео)

Една сцена каква ретко се гледа беше дел од квалификациите за Австралија Опен, каде главна…