Maкедонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски има нов највисок ранкинг на АТП листата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ивановски од денеска е на 331. позиција и напредуваше 39 позиции. Скокот на Калин се должи на освоените 24 бода со настапот на челинџер турнирот во Јаши, Романија каде што играше во четвртфиналето.
Од останатите македонски тенисер Горзад Србљак е на 1.132 место и Обрад Марковски се наоѓа на 1.227 позиција.
На врвот нема промени. Карлос Алкараз со освоениот Вимблдон ја задржа првата позиција пред Новак Ѓоковиќ од кого има 900 бода повеќе.
Лина Ѓорческа во женска конкуренција напредуваше за 25 места и сега е на 224. позиција, а Магдалена Стоилковска е рангирана како 1.367. тенисерка во светот.