Дома Македонски спорт Новески: Со малку среќа можеме да ја поминеме групата

Новески: Со малку среќа можеме да ја поминеме групата

Поранешниот македонски репрезентативец, Николче Новески имаше разговор за „ФорФорТу“, а тема секако беше настапот на Македонија на Европсото првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новески верува дека со малку среќа Македонија може да ја помине групата.

„За првпат сме на еден голем турнир. Селекторот кажа дека сака да ја поминат групата и тоа е навистна храбра изјава. Со Германија покажавме покажавме дека можеме да играме против најголемите. Ќе видиме како ќе се покажеме на Европското првенство“.

Новески ја коментираше групата.

„Верувам дека ќе се прикажеме во наше најдобро светло. Се надевам ќе не заобиколат повредите, ни треба секој кој е во тимот и со малку среќа сметам дека можеме да ја поминеме групата. Ни треба победа, во фудбалот се е можно“, порача поранешниот македонски дефанзивец.

Новески репрезентативната кариера ја заврши со 64 настапи во националниот дрес во период од 2004 до 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред…