Дома Фудбал Седлоски ги собра фубдалерите, почнуваат подготовките за Лигата на Нации (Фото)

Седлоски ги собра фубдалерите, почнуваат подготовките за Лигата на Нации (Фото)

Фудбалерите денеска официјално ги започнуваат подготовките за новиот репрезентативен прозорец, во кој националниот тим предводен од селекторот Гоце Седлоски ќе одигра дури четири натпревари.

Првиот предизвик за македонските репрезентативци ќе биде Швајцарија, која на 26 септември ќе гостува во Скопје. Само три дена подоцна, на 29 септември, Македонија ќе гостува кај Словенија во Љубљана.

Следува домашниот дуел со Шкотска на 3 октомври, а репрезентативниот циклус ќе биде заокружен со вториот натпревар против Швајцарија, овојпат на гостински терен во Луцерн на 6 октомври.

Седлоски претходно го објави списокот на репрезентативци за овие натпревари, а на него се најдоа и четворица дебитанти. Првпат повик во А-репрезентацијата добија Анес Мељичи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена звезда и Христијан Малески од Струга Трим Љум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Модриќ на „Сан Сиро“ му пееја тоа што во минатото му се пееше на Марадона (Видео)

Лука Модриќ (41) во голем стил се врати по слабата игра против Лацио и неиграњето против Б…