Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина и втората пречка во квалификациите за пласман на главниот турнир, на првиот грен слем турнир во сезоната, Аустралија Опен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ѓорческа, во второто коло, ја декласира Унгарката Далма Галфи во два сета за само 54 минути игра. Најдобрата македонска тенисерка на Унгарката и препушти само два гема, по еден во двата сета. Таа доминираше во текот на целиот меч, четири пати и го одзеде сервисот на противничката и заслужено се пласира во последната, трета квалификациска рунда.
На патот до главниот турнир на Ѓорческа и стои една од Швајцарките Фогеле, која е прва носителка во квалификациите или Садиковиќ.