Утре попладне од 15:00 часот на Арената „Тодор Проески“ Македонија ќе ја започне новата сезона во Лигата на Нации, а наш противник ќе биде Ерменија.
Покрај првата ѕвезда, Хенрик Микхтаријан, Ерменија нема да смета и на Геворг Газарјан, соиграч на нашиот младински репрезентативец Давор Здравковски во кипарскиот АЕЛ Лимасол.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Газарјан нема да игра во Скопје ама е убеден дека Ерменија е подобра и дека можат да не победат, за него ние не сме голем тим.
„Македонија не е некој голем тим и треба да бидеме реални и да кажеме дека може да ги победиме. Мислам дека ние сме фаворити во групата, иако Естонците одиграа неколку добри натпревари во последните години, како и Македонците. Добриот старт ќе биде важен во оваа група и Ерменија сака да има таков“, изјав Газрајан.