Претседателските избори во Барселона се се поблиску, новиот претседател на Барселона ќе го дознаеме на 24. јануари, а во овој момент фаворит е Жоан Лапорта.
Во јавните настапи пред изборите кандидатите ветуваат многу, а секако најмногу се зборува за Лионел Меси на кого на крајот од сезоната му истекува договорот. Агусто Бенедито кој исто така е претседател не е оптимистичен околу останувањето на Меси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Останувањето на Меси секако ќе биде најдобра вест за клубот, но не сум баш оптимистичен. Со оглед на ситуацијата ќе биде важно тој да остане, но би морал да сфати дека наредните две години ќе бидат тешки за нас. Лео е тука 20 години, голем навивач е на Барселона и верувам дека клубот му значи. Ни даде многу, како и клубот. Сепак, мислам дека најреално сценарио е тој да замине на лето“, изјави Бенедито.
Самиот Меси неодамна во едно интервју порача дека и тој не знае што ќе се случи по крајот на сезоната.