Дома Фудбал Италија Наполи под истрага: На Елмас и дружината може да им бидат одземени бодови!

Наполи под истрага: На Елмас и дружината може да им бидат одземени бодови!

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Наполи и неговиот контроверзен претседател Аурелио де Лаурентис се под истрага.

Причина за истрагата е фактот што му било дозволено на тројца фудбалери, Зиелински, Лоботка и Рахмани да играат против Јувентус, иако биле во самоизолација.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тројцата фудбалери беа во изолација 6 јануари во своите домови, а вечера свесно истрчаа на терен на „Алијанц Стадиум“ во дербито против Јувентус кое заврши 1:1.

Поради тоа претседателот на Наполи и шефот на медицинската служна Рафаеле Канонико се под истрага од страна на италијанската Федерација.

Тројцата фудбалери беа во изолација поради контакт со заразено лице, но од клубот во консултација со адвокати им направиле тестови и им дозволиле да истрачаат на терен.

Тоа не е во склад на правилата на Федерацијата, па готово сигурно клубот ќе биде казнет. Некои медиуми тврдат дека на Наполи можат да им бидат одземени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тандемот на Реал функционира перфектно: Белингам му кажа на Винисиус каква топка сака и гол падна по 30 секунди! (Видео)

Реал Мадрид ја победи Аталанта на гости со 3:2 и така ја прекина низот од два пораза во Ли…