Фудбалерите на Барселона вчера одработија нов тренинг пред дербито против Атлетико Мадрид во сабота.
Единствен кој не присуствуваше на тренингот беше Лионел Меси кој вчера се врати од Аргентина и Роналд Куман му даде подолг одмор. Останатите играчи беа на тренингот, а во центарот на вниманието се најде Антоан Гризман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, во јавноста се крена многу бура во претходните денови бидејќи луѓе блиску на Гризман зборуваа разни работи, помеѓу другото и порачаа дека Меси е главен виновник што на Французинот не му оди баш најдобро во каталонскиот клуб.
Кога Меси пристигна еден ден претходно на аеродромот новинарите го прашаа да даде коментар на таквата ситуација, а тој им порача само дека е уморен тој да биде виновникот за сите проблеми на Барселона. Сега навивачите кои го пречекаа Гризман му испратија јасна порака.
„Меси се почитува“, дофрлуваа фановите на Каталонците кои го пречекаа Французинот.
? "? ????? ?? ?? ???????" ?
— GOL ⚽️ (@Gol) November 19, 2020
? Aficionados del @FCBarcelona_es INCREPAN a GRIEZMANN a la salida de la Ciudad Deportiva pic.twitter.com/sXjANVLZbt