Дома Трансфер зона Монако испратил понуда, Јувентус остварил контакт – „вундеркид“ од Франција го привлече вниманието на гигантите

Монако испратил понуда, Јувентус остварил контакт – „вундеркид“ од Франција го привлече вниманието на гигантите

Италијанскиот шампион Јувентус е во пол-позиција да доведе 17 годишен „вундеркид“ од Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ продолжува со доброто скаутирање на младите играчи.

Последен млад фудбалер кој го привлече вниманието на клубот од Торино е Рајан Алт-Нури, младата ѕвезда на француски Анжер.

17 годишниот фудбалер игра на позицијата лев бек и за кратко време успеа да го привлече вниманието на неколку европски клубови.

Постојат информации дека претставници на Јувентус веќе стапиле во контакт со менаџерот на Анжер, Стефано Мулинео со цел да ја провери ситуацијата за потенцијалниот трансфер.

Покрај „старата дама“ интерес за овој фудбалер покажаа уште француски Монако и германски Шалке со тоа што клубот од Кнежеството и испрати конкретна понуда во висина од осум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…