Дома Фудбал Англија Модриќ поцрвене, одличен Бејл, еврогол на Крос – Реал стартуваше со победа (ВИДЕО)

Модриќ поцрвене, одличен Бејл, еврогол на Крос – Реал стартуваше со победа (ВИДЕО)

Реал Мадрид сезоната во Ла Лига ја отвори со победа против Селта Виго од 3:1.

„Кралевите“ после минатата сезона која им беше за заборав во оваа ќе ги напаѓаат титулите на сите фронтови. Реал овој натпревар без звучните засилувања кои пристигнаа во текот на летото, а навивачите можат да бидат задоволни од настапот на Герет Бејл.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До водство Реал стигна кога Бејл после еден дриблинг уфрли од левата страна, а Бензема ја смести топката во мрежата.

Во првото полувреме ВАР поништи гол на Селта поради офсајд.

Во 56-тата минута ВАР повторно стапи на сцена, но овој пат на штета на Реал. Судиите од ВАР собата го повикаа судијата да прегледа еден старт на Модриќ, а после прегледувањето на снимките Модриќ беше исклучен.

Иако со играч помалку Реал стигна до погодок само четири минути. Тони Крос зголеми на 0:2 со еврогол од далечина. Во 80-тата минута после една одлична акција Лукас Васкез ги реши сите дилеми околу победникот.

Конечните 1:3 ги постави 18-годишниот Лосада во финишот од натпревар.

Со оваа победа Реал Мадрид за прв после 27 месеци е пред Барселона на табелата. Ќе потсетиме Барселона одбраната на титулата ја стартуваше со пораз од Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…