Дома Македонски спорт Милјана Рељиќ со два нокаути до златниот медал на „Омега куп“ во Белград, три медала за Тигри

Милјана Рељиќ со два нокаути до златниот медал на „Омега куп“ во Белград, три медала за Тигри

Милјана Рељиќ го освои златниот медал на Меѓународниот турнир „Омега куп“ Белград, Србија, а Ања Пејиќ освои сребрен, додека Тамара Младеновска бронзен. Рељиќ до златото дојде со два нокаути.

Да потсетиме дека Милјана го освои петото место на минатоделното Европско клупско првенство по таеквондо во Солун, во јуниорска конкуренција со -68 кг.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Мила во полуфиналната борба со високи 37-5 (технички нокаут) ја победи натпреварувачката на Таеквондо клубот Галеб од Србија, а во финалето, при резултат 24-6, со класичен нокаут совлада уште една натпреварувачка од Србија. Минатата година на овој турнир Мила освои сребрен медал, а сега малку фалеше да биде прогласена и за најдобар натпреварувач од сите категории во јуниорска конкуренција и да се врати со пехар за најдобар борец“, изјави нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Тој е задоволен од формата на Мила, и по минатогодишната бронза на Балканското првенство, 3 златни и 1 сребен медал на меѓународни натпревари очекува оваа година да продолжи со успешните резултати.
ТК Тигри-Скопје на овој турнир учествуваше со четворица натпреварувачи:

Ања Пејиќ, сребрен медал, јуниорки +68 кг А класа
Дино Рустемовиќ, јуниори – 59 кг А класа
Тамара Младеновска, бронзен медал, јуниорки – 63 кг, Б класа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…