Дома Фудбал Останато Меси најдобар во последните 25 години, Роналдо позади него!

Меси најдобар во последните 25 години, Роналдо позади него!

Лионел Меси беше избран за најдобриот фудбалер во последните 25 години од страна на списанието „FourFourTwo“.

На второто место се најде неговиот најголем ривал во последната деценија, Кристиано Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се отценуваат фудбалери од 1994 година, од кога излезе првиот број на списанието, па до денес.

На третото место е актуелниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, а после него следуваат Бразилците Роналдо и Роналдињо, додека на 6-то место е Тиери Анри.

После следуваат двете легенди на Барселона, Чави и Иниеста, а во Топ 10 се уште Паоло Малдини и Роберто Баџо.

Топ 30 фудбалери во последните 25 години:

1. Лионел Меси (Аргентина)
2. Кристиано Роналдо (Португалија)
3. Зинедин Зидан (Франција)
4. Роналдо (Бразил)
5. Роналдињо (Бразил)
6. Тиери Хенри (Франција)
7. Чави (Шпанија)
8. Андрес Иниеста (Шпанија)
9. Паоло Малдини (Италија)
10. Роберто Баџо (Италија)
11. Ривалдо (Бразил)
12. Фабио Канаваро (Италија)
13. Рајан Гигс (Велс)
14. Кака (Бразил)
15. Вејн Руни (Англија)
16. Луис Фиго (Португалија)
17. Габриел Батистута (Аргентина)
18. Ерик Кантона (Франција)
19. Лука Модриќ (Хрватска)
20. Серхио Бускетс (Шпанија)
21. Раул (Шпанија)
22. Пол Сколс (Англија)
23. Ромарио (Бразил)
24. Серхио Рамос (Шпанија)
25. Џанлуиџи Буфон (Италија)
26. Филип Лам (Германија)
27. Нејмар (Бразил)
28. Андреа Пирло (Италија)
29. Денис Бергкамп (Холандија)
30. Луис Суарез (Уругвај)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…