Дома Фудбал Останато Меси му посака на Роналдо брзо оздравување: Дуелите со него се посебни

Меси му посака на Роналдо брзо оздравување: Дуелите со него се посебни

Кристиано Роналдо ќе го пропушти дуелот со Барселона во Лигата на шампиони бидејќи е позитивен на коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По тој повод денес се огласи Лионел Меси и му посака брзо оздравување на својот најголем ривал.

Во разговор за „ДАЗН“, Меси потсети на претходните пресметки со Роналдо, во периодот кога Португалецот го носеше дресот на кралскиот клуб од Мадрид.

„Тој дуел со Кристиано Роналдо беше нешто посебно, тој останува засекогаш. Тоа траеше многу години, и на тоа ниво не е лесно да се игра многу години. Нашите тимови исто така бараа многу, тоа се Реал Мадрид и Барселона, двата најсилни клуба во светот. Оние наши натпревари кога бевме подеднакво силни ќе ги паметиме долго време. Дуелот помеѓу Кристијано Роналдо и мене беше важен и на личен план и мислам дека луѓето уживаа“, истакна Меси.

„Кога Кристиано играше за Реал, натпреварите беа нешто посебно, со него на теренот, натпреварите имаат посебно. Сега е минато, се радуваме на нов предизвик. Требаше повторно да се видиме во среда, се надевам дека Кристиано ќе биде таму и дека наскоро ќе се опорави од коронавирусот“, додаде Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Операција „Олисе“ во Реал Мадрид зависи од евентуална продажба на Валверде или Чуамени

„Ќе претставиме понуда од 150 милиони евра за играч од тим во Лигата на шампионите“. Со ов…