Дома Фудбал Останато Меси за се што се случуваше во текот на летото: Бурофаксот и сето тоа оставија последици

Меси за се што се случуваше во текот на летото: Бурофаксот и сето тоа оставија последици

Лионел Меси изминатото лето беше многу блиску до заминување од Барселона.

Аргентинецот јавно побара од клубот да му се овозможи да замине, а после се што се случуваше на крајот остана. Поранешниот претседател на Барселона, Хозе Марија Бартомеу и неговото раководење на клубот беше најголемиот проблем на Меси. Бартомеу си замина, но се уште не е сигурно дека Меси ќе го продолжи договорот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Сега Меси во разговор за „РАЦ“ зборуваше за таа ситуација.

„Се чувствувам добро. Навистина, летото беше тежок период. Се што се случуваше откако сезоната заврши, бурофаксот и сето тоа се пренесе и во новата сезона“.

На прашањето дали ќе замине на крајот од сезоната Аргентинецот не даде конкретен одговор.

„Се чувствувам добро тука и сакам да се борам за она што е пред нас. Возбуден сум и знам дека клубот помина низ тежок период, се околу клубот е многу тешко, но се радувам на наредните предизвици“, изјави Меси.

Комплетното интервју на Меси за „РАЦ“ ќе излезе за шест дена и сигурно ќе биде интересно да се прочита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од …