Лионел Меси во изминатото лето беше на чекор од заминување од Барселона, но од почит кон навивачите и клубот каде што ја помина целата кариера не сакаше да оди на суд.
Вчера беше објавено интервјуто на телевизијата „Ла Секста“. Во ова интервју Меси зборуваше за чуствители теми. Како што сега стојат работите иако Бартомеу си замина, Меси не е сигурен дека ќе остане во клубот после завршувањето на сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Повторно би испратил бурофакс бидејќи тоа е официјално барање за трансфер. Му зборував на претседателот дека сакам да заминам и да ми помогне, не го правеше тоа. Ми зборуваше да бидам сериозен и дека ако сакам такво нешто со официјално барање да го известам клубот. Бартомеу и излажа многу пати во изминатите години, но не сакам сега да навлегувам во детали. Последната година беше тешка за сите во клубот“.
„Знам дека ако отидев на суд ќе ги добиев, тоа не ми го потврди еден адвокат туку повеќе. Сепак, не сакав да си заминам на таков начин, Барселона е клубот во кој се изградив и како фудбалер и како чоек. Сопругата Антонела ме советуваше да одам на психолог, но мене ми беше тешко да се отворам“, изјави помеѓу другото Меси.