Раководството на Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, тврди „Дејли мејл“.
23-годишниот италијански репрезентативец е трансфер цел на Тотенхем, а „нероаѕурите“ поради финансиски проблеми се спремни да го продадат ова лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според Џанлука Ди Марцио, преговорите меѓу „Спарси“ и Интер се во напредна фаза и покрај интересот од Манчестер Јунајтед, самиот играч сака да се пресели во Тотенхем за повторно да соработува со Антонио Конте.
Интер има финансиски проблеми и ова лето мора да продаде една од своите ѕвезди, а тоа најверојатно ќе биде Бастони.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „нероаѕурите“ за слободата на младиот дефанзивец бараат 60 милиони евра.