Манчестер Сити не се откажува од Лионел Меси, но клубот ја намали понудата за цели 200 милиони евра, тврдат англиските медиуми.
Минатото лето „граѓаните“ му понудија на Меси астрономски договор од 700 милиони евра за 5 години, но сега ја преформулирале понудата и таа изнесува 500 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сити ја намали понудата поради финансиската криза предизвикана од пандемијата, како и фактот дека Меси е повозрасен за една година.
Меси минатото лето се обиде да ја напушти Барселона со слободен трансфер, но тоа не му беше дозволено, па остана на „Камп Ноу“ уште една година до истекот на договорот.
Силен интерес за Аргентинецот покажува и ПСЖ, кој веќе доставил понуда до таткото на Меси, но не се откриени финансиските детали.