Баерн Минхен ќе ги обнови преговорите со Ливерпул за трансфер на Садио Мане овој викенд, тврди „Скај Спорт“.
До овој момент „црвените“ одбија две понуди од Бавраците во висина од 25 и 30 милиони фунти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека клубот од „Енфилд“ за слободата на Мане бара 50 милиони евра (42 милиони фунти).
Самиот Мане, чиј договор со Ливерпул истекува следната година, веќе ги договори личните услови со Баерн и ќе потпише договор на три сезони.
Се очекува во наредните денови двата клуба да постигнат конечен договор и трансферот да се реализира за 45 милиони евра.