Ливерпул ќе чека една година на трансферот на големиот талент на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец, Џуд Белингем.
Играчот од средниот ред останува еден од најпосакуваните играчи на Јирген Клоп, но откако Борусија се раздели со Ерлинг Халанд ова лето, „милионерите“ нема да продадат уште една ѕвезда во истиот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вчера Ливерпул го договори десниот бек на Абердин, Калвин Ремзи, кој е третото ново засилување на „црвените“ ова лето. Пред тоа беа привлечени Фабио Карваљо и Дарвин Нуњез, па веројатни со ова ќе заврши селекцијата во Ливерпул.
Следното лето, сепак, има големи шанси клубот повторно да направи голем трансфер со привлекувањето на Белингем.
Меѓутоа, Ливерпул ќе има голема конкуренција бидјеќи силен интерес за Белингам покажува и Реал Мадрид, кој е спремен да плати 90 милиони евра и да го остави Англичанецот на позајмица во Дортмунд до следното лето.