Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постигнал комплетен договор со Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.
33-годишниот напаѓач треба на „Камп Ноу“ да заработува девет милиони евра по сезона, пренесува „Мундо депортиво“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот весник истакнува дека Левандовски не го променил ставот и ја повторил желбата да ја продолжи кариерата во Барселона.
Сепак, за да се реализира трансферот, Барселона мора прво да ги среди финансиските проблеми, односно да продаде неколку играчи. Исто така, Баерн и Барселона мора да се договорат за висината на обештетувањето, кое би требало да изнесува околу 40 милиони евра.