Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас не е задоволен од статусот на резерва под палката на тренерот Солари и планира да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесува „АС“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Навас сака да се пресели во Премиер лигата, па неговите агенти веќе ги остварле првоте контакти со неколку клубови на Островот.
Реал Мадрид покажува разбирање за Навас и е спремен да го пушти, но на крајот на сезоната, а не го јануари. „Кралевите“ сакаат да имаат достојна замена за Куртоа, а во зимскиот преоден рок нема да можат да донесат нов голман.
Навас беше прв голман на Реал Мадрид изминатите години и „кралевите“ со него освоија три титули во Лигата на шампиони, но со пристигнувањето на Куртоа тој се пресели на клупата.
Real Madrid boss Santi Solari opens the door for Keylor Navashttps://t.co/yF4ENoVo6X
— AS English (@English_AS) December 13, 2018