Дома Трансфер зона Каков Алисон или Де Геа, Рамос и соиграчите го сакаат – Кејлор Навас!

Каков Алисон или Де Геа, Рамос и соиграчите го сакаат – Кејлор Навас!

Костарика и покрај херојството на својот голман со пораз ги загуби шансите за изненадување на Мундијалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, ваквата вест сигурно ќе го расположи Кејлор Навас.

Се веруваше дека со заминувањето на Зидан, Навас го изгубил и последниот поддржувач во клубот.

Флорентино Перез го сакаше Давид Де Геа што е невозможна мисија, па се сврте кон Алисон од Рома. Преговорите со Рома се во тек, неодамна дури и медиумите во Шпанија и Италија тврдеа дека работата е завршена.

Но, Алисон и клубот се уште официјално не се огласиле.

Од друга страна пак, соблекувалната на Реал Мадрид предводена од капитенот Серхио Рамос не сака да го пушти Навас. Тој наводно веќе му соопштил на Перез и Лопатеги дека не е коректно да се доведе нов голман кога Навас во овој момент е еден од најдобрите во светот.

Костариканецот е омилен помеѓу соиграчите, па ќе видиме дали Рамос ќе успее да го убеди Перез Навас да остане прв избор помеѓу стативите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…