Дома Македонски спорт Заев: ФФМ е заробена, со милионите се купуваат делегати

Заев: ФФМ е заробена, со милионите се купуваат делегати

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Коха“ отворено зборуваше против првиот човек на Фудбалската федерација Муеамд Сејдини.

Владата понуди да формира работна група за поддршка на репрезентацијата, меѓутоа од ФФМ ја одбија таа понуда. Сега премиерот на државата потврди дека има конфликт со Фудбалската ФедераЦИЈА.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


“Има конфликт да, јас мислам дека ФФМ е заробена како што ни беше државата заробена на нетранспарентен и строго контролирачки начин преку огромните милиони со кои што разполага ФФМ буквално се менаџираат и купуваат делегати мислам дека не е слободно, зошто? Заради тоа што собранието на ФФМ е спротивно на законот на спорт. Значи нешто кога се прави надвор од законот тогаш е проблем. Сите федерации во државата го почитуваат законот за спорт само ФФМ не го почитува. Во законот за спорт кажува дека делегати во Собранието даваат прво членките на таа федерација, клубовите, не може Шкендија да нема делегат, не може Беласица да нема делегат или Пандев да нема делегати или не знам Шкупи“, зборува Заев.

Во продолжение погледнете го целото интервју на премиерот:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…