Дома Останати Кошарка НБА Заврши серијата на Јокиќ, но Денвер повторно победи

Заврши серијата на Јокиќ, но Денвер повторно победи

Тимот на Денвер дојде до петтата победа во низа по Ол-стар викендот откако изминатата вечер славеше над Мајами со 103:97.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во овој натпревар заврши серијата од четири последователни на Јокиќ во кои запишуваше трипл-дабл, сепак најважно е што актуелниот шампион продолжи да победува. Денвер скоро во текот на целиот натпревар имаше контрола над резултатот, меѓутоа победникот се решаваше во последните секунди.

Натпреварот српскиот интернационалец го заврши со дабл-дабл од 18 поени, 11 скока и седум асистенции. Најрасположен кај победничкиот тим беше Портер кој исто така дојде до дабл-дабл со 30 поени и 11 скока. На спротивната страна 22 поени постигна Бем Адебајо.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Милвоки 99-111

Орландо – Јута 115-107

Бруклин – Атланта 124-97

Њујорк – Голден Стејт 99-110

Сан Антонио – Оклахома 132-118

Феникс – Хјустон 110-105

Денвер – Мајами 103-97

ЛА Лејкерс – Вашингтон 134-131

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…