Дома Фудбал Останато Забалета објасни зошто Манчестер Сити е идеално место за Меси

Забалета објасни зошто Манчестер Сити е идеално место за Меси

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Пабло Забалета на својот сонародник му порача да оди во Англија.

Меси веќе некое време се поврзува со Сити и поранешниот менаџер Пеп Гвардиола. Договорот на Аргентинецот му истекува на крајот од сезоната и се уште не се знае дали истиот ќе биде продолжен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пабло Забалета, поранешниот играч на Манчестер Сити и поранешен соиграч на Меси од репрезентацијата на Аргентина во интервју за „Сандеј Мирор Спорт“ го даде своето мислење.

„Ако Меси одлучи да ја напушти Барселона, тогаш најдобро му е да оди во најдобрата лига во светот, во Премиер лигата. Лео со години е во Ла Лига и сигурно дека би бил голема атракција во англискиот фудбал и Манчестер Сити. Одлично се познава со Пеп Гвардиола и спортскиот директор Тики Бергистаин, а тука е и Серхио Агуеро. Во Сити има многу луѓе кои ги познава“.

„Знам дека ќе биде желба на други клубови како ПСЖ и Јувентус, но мислам дека Сити е идеално место за него после Барселона“, изјави Забалета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах со промашување на кариерата🎥

Астон Вила и Ливерпул играат одличен натпревар, иако за „црвените“ нема резултатско значењ…