Дома Фудбал Англија Договорот на повидок: Англичаните воведуваат зимска пауза!

Договорот на повидок: Англичаните воведуваат зимска пауза!

Договорот е на повидок…

Премиер лигата сериозно размислува за воведување на зимска пауза и не само што размислува водечките луѓе вече започнале преговори со ТВ мрежите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наредната недела ќе се разговара за новиот договор за ТВ правата (2019-2022), меѓутоа тоа не значи дека паузата ќе биде воведена после 2022 година.

Како што јавуваат островските медуми, телевизиите се заинтересирани за целата приказна, а нивниот предлог е паузата да биде после третата рунда на ФА купот која на програмата е првиот викенд од јануари.

Тоа практични значи дека опстанокот на традиционалниот „Боксинг деј“ не би било доведено во прашање. Двете страни се сложуваат дека одморот од две недели би бил сосема адекватен.

Кога би дошло до договор што е сосема извесно, преостанува уште да се реши прашањето со тремините. Се шпекулира за разни опции. Наводно ФА е спремна да жртвува една рунда во купот, а би можело да се случи и целото натпреварување да биде „преселено“ од викендите и да се игра исклучиво во средина на неделата. Тука е и опцијата за исфрлување на вториот натпревар во полуфиналето од Лига купот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…