Maкедонскиот голман, Столе Димитриевски минатиот месец се израмни со Петар Милошевски со 60-тиот настап за Македонија, а сега за првпат зборуваше за моменти од 2001 година кога неговиот татко бил мобилизиран во војната.
Куманово е родниот град на Димитриевски и токму овој регион беше еден од најпогодените во воените дејствија кои траеа нешто помалку од една година. За да биде на посигурно, Димитриевски морал одреден период да живее во куќата на неговата баба.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Двајца чичковци дојдоа во нашата куќа и го земаа татко ми. Јас бев во дневната, беше ноќ и многу комплицирано. Со себе носеа лист хартија на кој пишуваше дека задолжително мора да ја брани татковината. Тие моменти беа голем шок за мене и целото семејство. Набрзо потоа заминавме во куќата на мојата баба затоа што таму беше посигурно“.
Тој период беше еден од најтешките во неговата кариера, а неговиот татко во таа скоро една година го видел само неколкупати.
„Татко ми во тој период го видов само неколку пати. Иако бев мал, кога гледате тенкови знаете дека нешто не е во ред. Животот на сите многу ни се смени во тој период“.
Токму тие тешки периоди се причина проблемите во кариерата полесно да ги надминува.
„Во кариерата немав такви тешки периоди затоа што животот ми донесе многу потешки и ги прифатив. Мојата цел во фудбалот не беше само јас да живеам, туку и на семејството да му обезбедам подобар живот. Кога имав 17 години потпишав за Удинезе, потоа бев на позајмица во Гранада, па Кадиз…Тоа беше период и во кој го учев јазикот, меѓутоа брзо се прилагодував“, изјави Димитриевски.
Целото интервју на Димитриевски за „Ла Разон“ – ТУКА.