Дома Фудбал Флик донесе непопуларна одлука, бековски пар ќе ја полни касата?

Флик донесе непопуларна одлука, бековски пар ќе ја полни касата?

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, имаше внатрешни разговори со играчите кои би можеле да бидат на трансфер листата ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат каталонските медиуми, Флик сакаше отворено да разговара со играчите кои минатата сезона беа стандардни, но оваа значително паднаа – Жил Кунде и Алехандро Балде.

Бековскиот пар беше многу значаен во минатогодишниот поход кон домашната „триплета“, но оваа пролет падна во втор план. Флик во финишот на сезоната во клучните натпревари се потпираше на Ерик Гарсија и Жоао Кансело, што беше јасна порака дека нема толкава доверба во Кунде и Балде.

Флик отворено порача дека повеќе немаат загарантирани места во тимот и дека соодветно на тоа самите треба да одлучат дали би го напуштиле клубот доколку добијат вистински понуди. Кунде и Балде се на мета на многу премиерлигаши, а Барселона со нивната продажба сигурно би можела да заработи.

Планот е Ерик Гарсија да остане стартен десен бек, додека од позајмица од Елче се враќа сè подобриот Ектор Форт, кој би можел да биде алтернатива. На левата страна би можел да остане Жоао Кансело, а на попуст би можел да дојде Алехандро Грималдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фенербахче не штеди средства: Гигантска понуда за Мохамед Салах во обид да ја прекине доминацијата на Галатасарај!

Мохамед Салах (33) ова лето ќе се збогува со Ливерпул по деветгодишен престој, а еден од к…