Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нунес уште утре може да го потпише договорот со Ливерпул, тврди „Ливерпул Еко“.
Португалските медиуми пренесуваат дека трансферот може да биде финализиран наскоро. „О Жого“ и „А Бола“ откриваат дека првата понуда на „црвените“ била првично 60 милиони фунти плус 25 милиони фунти во бонуси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Раководството на Бенфика ја одби, по што Ливерпул ја промени понудата за структурата на плаќањата и ја зголеми почетната сума на 68 милиони фунти, со бонуси од 17 милиони фунти (80 милиони евра плус 20 милиони евра).
Бенфика бара 100 милиони евра за својата ѕвезда, па Ливерпул ги исполни барањата, а веќе има договор со Уругваецот за 5-годишна соработкс.
Интерес за напаѓачот покажуваа уште Манчестер Јунајтед, Њукасл и Атлетико Мадрид, но Нуњес преферираше преселба во Ливерпул.