Дома Македонски спорт Давидовски викендов во Монца ќе атакува на нови успеси за „ПСС Рејсинг“

Давидовски викендов во Монца ќе атакува на нови успеси за „ПСС Рејсинг“

Откако со големо задоцнување беше рестартирана сезоната на автомобилските трки по прекинот заради пандемијата, најсилното натпреварување на „стариот” континент наречено ТЦР Европа, започна без македонскиот пилот Виктор Давидовски, бидејќи не му беше дозволен влез во Франција и Белгија.

Сепак, викендов Давидовски доби дозвола за влез во Италија и ќе биде дел од третата трка на овој шампионат која ќе се вози на легендарната патека Монца, крај Милано. Во негово отсуство, автомобилот Хонда Сивик му беше позајмен на Нестор Џиролами, кој со возилото на „ПСС Рејсинг” стигна до 66 бода на првата гран при викенд возен на патеката „Пол Рикар” во Франција, освојувајќи петто и второ место.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Успехот на Џиролами е показател на потенцијалот со кој располагаме и секако е мој личен мотив да го повторам и надминам. Сепак, во пресрет на овој викенд ја примивме одлуката за подигнување на тежинскиот лимит на максимум и свесен сум дека дополнителните 90 килограми ќе влијаат на перформансите на возилото. Од друга страна, по речиси цела година апстиненција од трките мотивиран сум да го дадам максимумот од себе и се надевам дека на тој начин ќе ја елиминирам негативата за да стигнам до нови успеси,- порача Давидовски пред гран при викендот во Италија.

На квалификациите кои се одржаа во сабота претпладне, Давидовски ја освои 16. стартна позиција. Иако условите за возење беа подобри отколку силниот дожд кој ги одбележа петочните тренинзи, сепак недостатокот на време за подобро сетирање на возилото го зема својот данок. Првата трка на Монца се вози в сабота во 17 часот и 15 минути, а втората трка е на програмата в недела од 13 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…