Новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Скира објави дека Френки де Јонг ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед и е блиску до трансфер на „Олд Трафорд“.
Според информациите, останува Барселона и англискиот клуб да ги договорат последните детали од трансферот, кој ќе изнесува 80 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонците сакаат да се разделат со играчот од средниот ред бидејќи имаат финансиски проблеми и инсистираа Де Јонг да ја прифати понудата на „црвените ѓаволи“.
Иако Холанѓанецот синоќа уште еднаш изјави дека се чувствува одлично во Барселона, сепак прифати да се пресели на „Олд Трафорд“ и постигна договор со Манчестер Јунајтед.
Frankie #DeJong is getting closer and closer to #ManchesterUnited from #Barça. Agreed personal terms for a contract until 2027: now #MUFC working to reach an agreement with #FCB (want €80M) to close the deal. #transfers #mutd https://t.co/TfjSBmd6z2
— Nicolò Schira (@NicoSchira) June 15, 2022