Дома Фудбал Англија Гвардиола објасни како изреагирал кога Тотенхем прими гол во 90-та минута против Ливерпул (ВИДЕО)

Гвардиола објасни како изреагирал кога Тотенхем прими гол во 90-та минута против Ливерпул (ВИДЕО)

guardiola

Maнчестер Сити и Ливерпул водат жестока борба за титулата во Премиер лигата оваа сезона.

„Граѓаните“ ја бранат титулата, а сега се на второт оместо со два бода помалку од ривалот од „Енфилд“, но Манчестер Сити има натпревар помалку.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега и едните и другите посакуваат да им „помогнат“ останатите екипи така што ќе го запрат ривалот. Така Сити беше на чекор да прослави „кикс“ на Ливерпул и тоа на „Енфилд“ во натпреварот против Тотенхем.

Беше 1:1 до самиот финиш кога со автоголот на Алдервилд Ливерпул среќно дојде до победата.

На прашањето како реагирал Пеп на овој автогол во самата завршница Гвардиола имаше интересен одговор.

„Кога видов што се случи во тој момент само си кажав „ах сра*е“. Но, никој не кажа дека лесно ќе ја одбраните титулата, Знаевме дека може да се случи такво нешто, јас знаев. Предизвикот сега е уште поголем и подобар, се бориме со голем тим кој има желба да стигне до трофејот“, порача Гвардиола на денешната прес-конференција пред натпреварот против Кардиф.

Инаку кога е е Гвардиола во прашање ќе потсетиме дека неодамна италијанскиот новинар Луиџи Гуелп уште еднаш тврдеше дека тој има постигнато договор со Јувентус каде што би се преселил после завршувањето на оваа сезона.

„Гвардиола има договор со Јувентус. Тоа ви го кажав и претходно и сега можам одново да ви ја потврдам таа вест“, гласеше изјавата која Гуел ја даде неодамна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…