Дома Фудбал Англија Гвардиола: Ливерпул не натера да играме над нашите можности

Гвардиола: Ливерпул не натера да играме над нашите можности

Пеп Гвардиола го одведе Манчестер Сити до втората титула во низа шампион на Англија.

Шпанскиот стратег во неговата трета сезона на клупата на „граѓаните“ стигна до втората титула, а во псоледните две сезони освои неверојатни 198 бодови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После натпреварот Пеп не го криеше задоволството поради освојувањето на титулата и истакна дека ова за него е најтешката титула во кариерата.

„Пред се морам да му честитам на Ливерпул. Тие нас не натераа да играме над своите можности. Неверојатно, 98 поени“, изјави Гвардиола и продолжи:

„Ги подигнавме стандардите од минатата сезона, а Ливерпул нас ни помогна во тоа. Моравме да победиме на 14 натпревари во низа и не смеевме да изгубиме ниту еден бод. Ова е најтешката титула која сум ја освоил во мојата кариера“, истакна Гвардиола.

Изјава за медиумите претходно даде и Јирген Клоп:

„Честитки до Манчестер Сити. Одиграа многу добра сезона и освоија 198 поени во последните две сезони. Не е лошо, го имаат мојот респект“.

„Луѓето веројатно ќе зборуваат дека можевме да го направиме ова или она, но јас мислам дека не можевме ништо, направивме се што можевме. Сити имаше повеќе среќа. Не сакавме да бидеме втори, но ова е само прв чекор за овој тим“

„Овој тим е во најдобрите години. Ќе има време да се развива. Најважно е што уживавме оваа сезона и тоа е одлично. Ако играте лош фудбал и освоите нешто тоа не е тоа. Овој тим е неверојатен“, гласеше изјавата на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…