Дома Трансфер зона Гвардиола добива 350 милиони евра за засилувања – ова се метите!

Гвардиола добива 350 милиони евра за засилувања – ова се метите!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола добил 350 милиони фунти на располагање за засилувања во летниот преоден рок, пишуваат англиските медиуми.

Шпанскиот стратег пред неколку денови призна дека бара засилување на три или четири позиции во тимот, а неодамна откри дека сигурно ќе доведе дефанзивен играч за врска и лев бек.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сити се поврзува со многубројни фудбалери, а од левите бекови најблиску е до Бен Чивел од Лестер кој би добил шанса пред Бенџамин Менди кого повредите го уништија.

Кандидатит за позицијата последен играч за врска има повеќе. Наводно, први мети се Тaнгу Ндомбеле и Хосум Ауар.

„Граѓаните“ покажуваат интерес уште за Душан Тадиќ кој одигра спектакуларен натпревар против Реал Мадрид, потоа Иско кој има проблеми во Реал, како и играчот за врска на Баерн Тиаго Алкантара.

Медиумите се убедени дека некој од овие фудбалери сигурно ќе стане фудбалер на актуелниот шампион на Англија. Сепак, ќе мораме да го почекаме летото да видиме кој фудбалер ќе стави потпис со тимот на Пеп Гвардиола.

Гвардиола сигурно добро ќе размисли, сумата од 350 милиони фунти сигурно е довална да се доведат квалитетни фудбалери, а дополнителни средства би можеле да се соберат и со продажбата на оние кои се сметаат за вишок.

Ивесно е дека ќе има заминувања од Манчестер Сити. Еден од првите фудбалери кои се поврзуваат со заминување е Фернандињо, а токму поради неговото заминување непоходно ќе биде засилување на позицијата последен играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …