Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео: Шпанија се спаси и заврши прва, Португалија стравуваше до крај

Видео: Шпанија се спаси и заврши прва, Португалија стравуваше до крај

Вистинска драма и пресврти се случуваа во последните моменти од натпреварите во Групата Б. На крајот Шпанија заврши како првопласирана, а Португалија на второто место.

Шпанија се спасуваше од пораз против Мароко во судиското продолжение. Во 14-та минута после една грешка на одбраната Бутаиб го донесе Мароко во водство, а пет минути подоцна израмни Иско.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме Шпанија имаше иницијатива, но стигна нов шок и Африканците поведоа со 2:1, а во 93-та минута Аспас го израмни натпреварот, што на крајот се покажа како доволно за прво место во групата.

Португалија стравуваше до последниот свиреж на судијата. Кварезма со прекрасен гол ги донесе Португалците во водство. Во второто полувреме Роналдо имаше можност да го реши победникот, но не успеа да реализира пенал.

Во судиското продолжение ВАР досуди пенал за Иран, а сигурен од белата точка беше Ансарифард. Иранците во 95-та минута имаа чиста шанса со која што можеа да ја елиминираат Португалија и да напишат историја, но Европскиот шампион се спаси и патува во осминафинале.

Во осминафиналето ќе играат Португалија против Уругвај и Шпанија против домаќинот Уругвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…