Дома Фудбал Останато Борусија за поразот од Тотенхем го обвини ФРИЗЕРОТ!

Борусија за поразот од Тотенхем го обвини ФРИЗЕРОТ!

Монетналниот лидер во Бундеслигата, тимот на Борусија Дортмунд моментално е во голема криза и не знае за победа на последните четири меча, па атмосферата во соблекувалната е нарушена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Милионерите“ падот на формата го започнаа на мечот против Франкфурт (1:1), а потоа беа поразени од Вердер во Купот, додека против Хофенхајм пропуштија предност од 3 гола и одиграа реми.

Сол на раната беше и поразот од Тотенхем во осминафиналето од Лигата на шампиони од 3:0 и така ги сведе шансите на минимум за пласман во следното коло.

Ситуацијата во соблекувалната е напната и за тоа се бараат навистина бизарни причини. Во медиумите се појавија информации дека ѕвездите (Аксел Витсел, Рафаел Гуереро, Абуди Џиало и Јакоб Ларсен) само неколку часа пред натпревар повикале познат фризер за ги „припереми“ за големиот меч.

Токму фризерот сега се наоѓа како „виновник“ за поразот, па мораше да реагира и директорот на клубот.

„Денес имаме генерација на фудбалери која потполно поинаку се припрема за меч во онос на моето време. Ова не требаше да се случи и повеќе нема да се случува. Ќе поразговараме со играчите, но нормално дека стрижењето на го поремети тимот. Ние загубивме на терен и таму треба да ги бараме причините за поразот“, изјави извршниот директор Ханс – Јоаким Вацке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…