Дома Македонски спорт Борба за прва позиција и пласман во „Б“ лига – колку може вака ослабена Македонија?

Борба за прва позиција и пласман во „Б“ лига – колку може вака ослабена Македонија?

Денес Македонија го игра натпреварот со Ерменија кој ќе биде последен за оваа година и ние се надеваме дека ќе ја продолжиме серијата од седум натпревари без пораз.

Против Ерменците денес ќе играме директен дуел за првата позиција која носи пласман во „Б“ лигата. На нас ни е доволно и реми, додека Ерменија мора да не победи ако сака да оди ранг погоре.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овој предизвик за Македонија ќе биде тежок затоа што ќе бидеме ослабени, на Кипар отпатувавме без голем дел играчи од првиот тим. Ќе потсетиме во комбинација за овој дуел не се: Пандев, Адеми, Барди, Елмас, Димитриевски, Николов, Спировски, Кире Ристевски и Алиоски. Дополнително Ангеловски ги повика Томе Китановски од Македонија Ѓ.П, Душко Трајчевски од Докса и Дарко Мицевски од Вардар. Со комбиниран состав сигурно ќе биде тешко со Ерменија.

Селекторот Игор Ангеловски на вчерашната прес-конференција потенцираше дека Македонија нема да калкулира и ќе оди на победа и на овој дуел, иако ни одговара и реми. Кога во прашање се претходните дуели со Ерменија, Македонија има четири победи, Ерменија три, два натпревари завршија без победник.

Натпреварот се игра на Кипар поради воената состојба во Ерменија, дуелот започнува во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…