Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.
Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а Барселона веќе ги започна преговорите.
Неговиот агент Жорге Мендеш изминатите денови имаше состанок со раководството на Барселона и наводно ги договорил личните услови на фудбалерот.
Сега останува уште двата клуба да го договорат обештетувањето кое ќе изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра.
🚨 Barcelona is looking to raise funds for Ruben Neves. #ForçaBarça #WWFC https://t.co/CTvB5fG8FJ pic.twitter.com/Q5r16roUrM
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) June 10, 2022